Бугарскиот премиер Кирил Петков повторно добива сигнали за уривање на Владата. Има таков народ на шоуменот Слави Трифонов го повтори ставот дека не отстапува од коалицискиот договор и доколку Петков попушти во однос на Македонија, партијата на Трифонов ќе ја напушти коалицијата.
Ние стоиме на зборот и кога веќе сме потпишале коалициски договор сакаме тој да биде запазен. Ако се наруши, тоа за нас ќе биде основа да ја напуштиме коалицијата. Македонија е дел од коалицискиот договор, изјави претседателот на пратеничката група на „Има таков народ“ во бугарското Народно собрание Тошко Јорданов.
Според него, бугарскиот премиер Кирил Петков си дозволува обиди да направи компромис со националниот идентитет и интерес. Тој додаде дека проблемот е во Македонија, бидејќи земјата не ги исполнила условите од договорот со Бугарија.
Јорданов не гледа проблем меѓу Владата и претседателот Румен Радев, туку меѓу шефот на државата и „Продолжуваме со промената“ од една страна и БСП од друга. За зборовите на Асен Василев дека ставот на Радев против обезбедување оружје на Украина е срамен, Јорданов рече дека е добро да се размислува пред да се квалификува без да се размислува за последиците.
Според него, ако се прекрши коалицискиот договор, тоа би било причина „Има таков народ“ да излезат од владата. За теми надвор од него, пак, партнерите не треба да шпекулираат и да велат „стануваме и одиме“, рече Јорданов.
Владата не може да започне војна со претседателот без согласност на другите политички сили, рече Јорданов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.