Во Приштина денеска ќе се одржи церемонија на која ќе биде потпишано барањето за членство на Косово во ЕУ, јавија приштински медиуми.
Косовското претседателство, како што јави приштинска „Коха“, соопшти дека церемонијата ќе се одржи во 11 часот.
Апликацијата ќе ја потпишат претседателката Вјоса Османи, премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на косовскиот Парламент, Гљаук Коњуфца.
По средбата е предвидена и прес – конференција.
Косовскиот премиер Албин Курти вчера најави дека барањето за членство на Косово во ЕУ ќе биде поднесена оваа недела
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.