Јавното обвинителство за организиран криминал Србија поднесе обвинителен акт против Вељко Беливук, неговата сопруга Бојана, Марко Миљковиќ и неговата сопруга Тања, како и уште неколку обвинети поради сомнение дека со пари од криминал купувале станови и земјиште, дознава српски „Курир“.

За потсетување, Специјалното обвинителство на 1 септември 2021 година покрена истрага против осомничените поради сомнение дека со валкани пари купиле поголем број луксузни автомобили и друг движен имот, како и катастарски парцели во Белград, обично во име на трети лица.

Во декември истата година, во истрагата беа вклучени и свекрвата на Беливук, Снежана Ѓорѓевиќ, како и обвинетиот член на групата Филип Ивановски и неговата невенчана сопруга Марија Милутинов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.