Нормализацијата на односите мора да вклучува реципроцитет, што подразбира добрососедски односи, напиша на својот фејсбук-профил косовскиот премиер Албин Курти, по повод постигнатиот договор за личните документи меѓу Србија и Косово.
„Граѓаните на Република Косовобсо документи за идентификација издадени од нашите земји, ќе можат да ја минуваат границата со Србија на сите гранични премини без пречки, дополнителни оптоварувања и задржувања“, пишува Курти и додаде дека истото ќе важи и за оние кои доаѓаат од спротивната насока, при влез во Косово со документи за идентификација издадени од властите во Србија.
Курти во својата објава им се заблагодари за придонесот на посредниците, мислејќи на комесарот за надворешна политика и безбедност на ЕУ Жозеп Борел, претставник на ЕУ за дијалог Косово-Србија Мирослав Лајчак и претставникот на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, а особено до американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.