Во текот на изминатата недела, спортски објекти, трговски центри, факултети, училишта и болници во Белград и Нови Сад повторно беа мета на лажни закани со бомби, пишува РТ Балкан.

Според професорката на Универзитетот за криминалистика и полиција, Ивана Бодрожиќ, ваквите закани ѝ нанесуваат повеќекратна штета на Србија – правна, економска и политичка.

Бодрожиќ објаснува дека без разлика што ниедна од досегашните пријави не се покажала како точна, полицијата мора да испрати контра-диверзантски единици на терен, да ги евакуира сите граѓани таму и детално да го прегледа секој агол.

Пријавите за лажни бомби почнаа лани во март со дојавата за бомба во авион на „Ер Србија“ на летот од Белград до Москва, а подоцна се проширија на основните и средните училишта и на здравствените институции, изјави таа за РТС.

По трагичните настани во Белград и околината на Младеновац, Србија ја зафати нов бран дојави за поставени бомби во различни згради, пред се училишта.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.