Група од десет маскирани хулигани нападнале родители на момчиња кои играле за српскиот клуб Звездара. По натпреварот, момчињата од српскиот тим отишле во своите соби, а родителите во друг хотел каде што биле сместени.

Пред хотелот ги пречекала група маскирани хулигани, кои влетале во хотелот и фрлиле солзавец. Кога групата родители излегле на паркингот, ги нападнале со факели, а еден од нив го избоделе со нож. Повредениот родител е пренесен во болница во Сараево, каде му е укажана помош и сега се чувствува добро, пренесува Нова.рс.

“Никој од родителите не беше во конфликт со никого. Има тимови од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Србија. Разменивме знамиња, беше сосема нормална атмосфера. Очигледно беше напад на навивачите, бидејќи беа маскиран и имаа факели, ножеви и солзавец“, изјави за Нова.рс еден од родителите.

„Бев со група од десет родители, тргнавме по тројцата кои прскаа со солзавец. Излеговме на паркингот и таму беа дваесетина. Тие пукаа во нас и се вративме назад. Во тој момент влеговме во хотелот и на еден од родителите му реков дека му е скината јакната“, рече тој.

“Потоа рече дека го боли бутот. Кога погледнавме, видовме дека е избоден. Ни беше мило што децата се во хотелските соби и што не видоа што се случува”, рекол родителот. По овој настан полицијата испратила обезбедување во хотелот, а на секој кат има по двајца полицајци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.