Финската премиерка Сана Марин е во официјална посета на Хрватска во рамки на турнејата низ Западен Балкан. Веројатно имало пропуст во протоколот, така што премиерката била оставена сама.
На твитер е објавено видео на кое се гледа како таа го чека хрватскиот претседател Зоран Милановиќ неколку минути да се појави во неговиот кабинет.
На видеото се гледа како таа прво стои сама, а потоа шета низ приемната сала гледајќи ги уметничките дела во просторијата,почека неколку моменти, а потоа пристигна Милановиќ, подавајќи и ја раката, пренесоа хрватските медиуми.
На средбата што се одржа во кабинетот на претседателот на Хрватска, станало збор за односите меѓу двете земји кои ги поврзува членството во Европската унија, самитот на нато што следната недела ќе се одржи во Мадрид, како и за безбедносната и политичката состојба во југоисточна Европа.
So.. yep … the Prime Minister of Finland is visiting Croatia today and the President of Croatia had her wait for him almost two minutes in his office. Power play or protocol?
This is a video of @MarinSanna just walking around, looking at pictures @Ured_PRH
🎥@RTLtelevizija pic.twitter.com/aGVGCw1Ztt
— Ivan Skorin (@IvanSkorin) June 21, 2022
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.