Центарот за економско образование (ЦЕО) денеска до хрватската Влада и Министерството за одбрана достави петиција со над 5.000 потписи против враќање на задолжителниот воен рок во Хрватска.
ЦЕО наведува дека со петицијата официјално ги соопштува економските и правните аргументи против враќањето на задолжителниот воен рок. Државните тела сега се должни да испратат одговор до подносителите на петицијата.
Центарот посочува и дека служењето на војската го нарушува уставно загарантираното право на еднаквост пред законот и има негативни економски последици за пазарот на трудот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.