Вршителот на должноста министер за енергетика на Бугарија Росен Христов најави дека неговата земја очигледно ќе мора да преговара со руски Газпром, јави дописникот на МИА од Софија.
По брифингот во бугарската влада за справување со гасната криза, Христов коментираше дека тоа ќе бидат многу тешки разговори.
Според него, Министерството за енергетика на Бугарија подготвило различни опции за разговор, но се чека одговор од Газпром.
Росен Христов вели дека интерконекторот на Бугарија со Грција бил оставен без надзор од претходната администрација, а има акумулација на голем број проблеми поврзани со неговата изградба и документација.
Тој додаде дека преодната влада нашла тотален хаос и раководство кое не помогнало да се реши проблемот.
„Топлификација Софија“ му должи на „Булгаргаз“ стотици милиони лева и нема шанси тоа да заврши со сегашниот начин на раководење, напротив дури се очекува да расте за 300 милиони лева (150 милиони евра) месечно, додаде Христов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.