Претседателот на Алијансата за иднината на Косово Рамуш Харадинај изјави дека времето е клучен фактор за Косово и дека доколку се постигне договор овој месец, изборите на северот на земјата ќе се одржат според планираното.

Се очекува во наредните денови да се постигне договор за анексот за имплементација (на европската Спогодба за нормализација на односите меѓу Србија и Косово). Доколку договорот биде постигнат во текот на овој месец, тогаш ќе можеме да одржиме избори на север според планираното“, изјави Харадинај, пренесува Косово онлајн.

Харадинај изрази уверување дека европскиот план вклучува и признавање на Косово и рече дека партијата што ја предводи ќе гласа за овој договор.

Нема заклучок дека има признавање. Има признавање во договорот, има признавање на меѓународно ниво. Значи, Србија ја признава независноста на Косово, неговите права како независна, рамноправна држава врз основа на повелбата на ОН и меѓународната план, рече Харадинај.

Вонредните избори во четири општини на северот на Косово требаше да се одржат во декември минатата година, но претседателката на Косово Вјоса Османи ги одложи за април годинава, поради недостиг на безбедност за нивно одржување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.