Бев принуден да ја напуштам средбата бидејќи Курти држеше предавање и не ни објасни зошто ги прекинал односите со Америка и зошто не се враќа да го исполни нивното барање. За мене е неприфатливо во вакви чувствителни случаи да ги раскинуваме односите со главниот безбедносен сојузник, рече лидерот на Алијансата за иднината на Косово.
Средбата меѓу премиерот на Косово, Албин Курти, и лидерите на трите опозициски партии започна утрово, но по само пет минути претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај си заминал од средбата. Тој ја напуштил средбата бидејќи Курти не објаснил зошто ги прекинал односите со САД и зошто не ги исполнува нивните барања.
Косовскиот премиер Албин Курти ги покани на средба лидерите на трите парламентарни опозициски партии, Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) и Алијансата за иднината на Косово (АБК) во врска со последните ситуации на северот на Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.