Балша Ѓукановиќ, синот на се уште актуелниот  претседател на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, има два сина од бракот со сопругата Милена.

На неодамна одржаната конвенција на ДПС во Подгорица, пред претседателските избори, јавноста можеше да види како изгледа постариот внук на Мило Ѓукановиќ, кој го доби неговото име.

Момчето беше главна ѕвезда на конвенцијата на ДПС во Подгорица, а носеше маица со ликот на неговиот дедо.

Мило Ѓукановиќ е снимен како го шета својот внук на  паркинг а зад нив телохранител.

Семејството Ѓукановиќ е едно од најбогатите во Црна Гора и во регионот. Сите членови на семејството имаат  бизниси од милион долари низ светот, луксузни недвижнини а никогаш не го објаснија потеклото на парите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.