Грчките спасувачи денеска ја завршуваат потрагата по преживеани по трагичниот директен судир на патнички воз со товарен воз во клисурата Темпи кај градот Лариса, во кој загинаа најмалку 57 лица, а десетици луѓе беа повредени.
Тагата на грчкото општество за жртвите од несреќата на 28 февруари се претвора во гнев, пренесе Ројтерс.
Околу 2000 студенти синоќа протестираа во Атина, а имаше и судир со полицијата. Студентски протести се одржаа и во Солун и Лариса.
Уапсен е управителот на железничката станица во Лариса, а грчката влада смета дека за оваа трагична несреќа е виновен човечки фактор.
Синдикатите на железничарите, кои од средата штрајкуваат, тврдат дека оваа несреќа била неизбежна поради немањето безбедносни системи и недоволниот број вработени.
Тие бараат од грчката влада јасен рок за спроведување на безбедносните протоколи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.