Во првите девет месеци од годинава, односно во периодот од јануари до септември приходите на Грција од туризмот се зголемиле за 15,2 отсто во споредба со лани и достигнуваат речиси 18 милијарди евра, според податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, во истиот период, за 17,3 проценти се зголемил и бројот на туристи кои ја посетиле Грција, односно регистрирани биле 27,79 милиони патници, наспроти 23,68 милиони лани.

Поконкретно, преку аеродромите пристигнале за 11,7 отсто повеќе туристи, а преку копнените гранични премини имало за 36,7 проценти повеќе патници.

Од Банката на Грција посочуваат дека зголемувањето на приходите од туризмот се должи на зголемувањето на бројот на туристи, бидејќи просечната потрошувачка по патување е намалена за 2,5 отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.