Во Грција има зголемување на бројот на заразени со корона вирусот, поради што тамошните власти издадоа предупредување.
Три недели беа доволни заразените со корона вирусот во Грција да се зголемат за 44 отсто, по што официјалните лица издадоа предупредување поради ширењето на новиот вид ковид наречен „FLiRT“. Некои болници, покрај задолжителното носење маски, воведоа и задолжително тестирање на посетителите.
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), сојот FLiRT стана најдоминантната форма на корона вирусот во светот.
ФлиРТ варијантата на ковид е доминантна во Грција и воопшто во европските земји.
Симптомите на овој вид корона: воспалено грло, кашлица, исцрпеност,затнат или течење на носот, главоболка, покачена температура, болки во мускулите, губење на чувството, за вкус или мирис, скратен здив или отежнато дишење, гадење или повраќање, дијареа.
Овие се симптоми кои се вообичаени и кај други подваријанти на омикрон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.