Германија размислува дали да го следи примерот на Шпанија и да воведе ‘сиеста’ – работа наутро, одмор, па повторно работа попладне – за да се справи со силниот топлотен бран.
Медицинските службеници во Германија бараат воведување нови правила за работа во топлите месеци по урнек на јужноевропските земји. Ваквиот ритам на работење во жешките денови, добро познат во дел од земјите од јужна Европа, би требало да се прифати и во Германија, сметаат медицинските службеници.
Кога е жешко, треба да се водиме според начинот на кој работат јужните земји: станувањето рано, продуктивното работење наутро и ‘сиестата’ напладне е концепт што треба да го усвоиме во летните месеци“, изјави Јоханес Нисен, претседателот на Сојузот на лекарите од јавниот здравствен систем.
Германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах, рече дека „сиестата“ секако не е лош предлог, а здружението на работодавците БДА рече дека е отворено за ваквата идеја.
Ова се случува во време кога болниците во Италија водат битка да се справат со приливот на пациенти кои бараат итна помош за болести поврзани со екстремна горештина, а немилосрдниот топлотен бран продолжува да го пече Медитеранот.
Туристите колабираа и се онесвестуваа на дневна основа во текот на изминатите неколку дена на Медитеранот, вклучително и Италија и Грција, бидејќи температурите во вторникот се искачија над 42 Целзиусови степени.
Беа забележани италијански медицински лица како третираат туристи, вклучително и деца, кои колабирале од топлотен удар додека го посетиле Колосеумот во Рим, каде што температурите достигнаа рекордни 41,8 Целзиусов степен.
Како резултат на тоа, некои италијански болници пријавија зголемување од 25 отсто на бројот на луѓе што пристигнуваат во единиците за итни случаи, кои страдаат од дехидрација или топлотен удар, пренесува „Република“.
Доаѓа во време кога горештините во јужна Европа се очекува да се зголемат уште повеќе во наредните денови, а Грција в чеврток ќе ја погоди уште еден топлотен бран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.