Влезовите во метро-станиците останаа затворени, автобусите се во транспортните центри, нема дневни весници на киосците: Грција оваа среда (17.04.2024) е практично парализирана, пишува Дојче веле.

Како одговор на зголемените трошоци за живот, кровната организација на синдикатите (ГСЕЕ) повика на генерален штрајк. Списокот на барања пред сè вклучува зголемување на платите и поконзистентна примена на колективните договори, но и ефективни мерки против драматичните поскапувања кои се шират низ Грција

Генералниот штрајк започна во вторник (16.04.2024) со 24 часовен штрајк на грчките новинари, како и на техничкиот и административниот персонал на сите печатени, електронски и онлајн медиуми во јавниот и во приватниот сектор. Репризи беа прикажани на многу телевизиски и радио станици, а и не беа објавени весници.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.