Грција нема намера да ја признае независноста на Косово, иако минатата недела беше воздржана при гласањето за неговиот прием во Советот на Европа, изјави вчера на форумот Делфи во Грција, Танос Докос, советник за национална безбедност на грчкиот премиер.
Советот на Европа, организација за унапредување на човековите права, во понеделникот му даде зелено светло на Косово да се приклучи бидејќи 33 земји-членки беа за, седум против и пет воздржани.
Мислевме дека е добро за спроведувањето на владеењето на правото и за смирување на тензиите меѓу двете страни, рече Докос на економскиот форум во грчкиот град Делфи.
Докос додаде дека Србија, како дел од договорот за нормализација на односите, ветила дека нема да го блокира членството на Косово во меѓународните организации и дека Атина на тоа се повикала при гласањето во Советот на Европа.
Ние се уште не сме го признале Косово, ниту ќе го сториме тоа. Се обидуваме да бидеме конструктивни колку што можеме, рече Докос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.