Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, ссоопшти дека Турција и Грција официјално ќе се приклучат на проектот за противракетна одбрана предводен од Германија.

Бројот на учесници во иницијативата „European Ski Shield“ достигнува 21. Проектот има за цел да ги пополни празнините во европската противвоздушна одбрана. Целта е да се создаде покоординиран систем за противвоздушна одбрана со краток, среден и долг дострел за да може Европа да се одбрани од какви било закани од воздух.

Франција не се приклучи на договорот бидејќи сака европските земји да користат сопствени системи и барем делумно да не се потпираат на опрема произведена во САД и Израел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.