По препорака од надлежната комисија на експерти во Министерството за здравство, Грција ги укинува постоечките мерки за заштита од Ковид-19, со исклучок на оние кои важат за болниците и за домовите за стари лица.

Комисијата на експерти во Министерството за здравство на денешната седница предложи укинување на мерките што се во сила за Ковид-19 со исклучок на јавните и приватните здравствени структури и центрите за нега на стари лица, изјави министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис.

Додаде дека сепак потребно е да се заштитат ранливите категории и „затоа се препорачува да се преземат мерки за индивидуална заштита, вакцинација и антивирусен третман за заразените“.

Меѓу мерките што се актуелни во Грција е задолжителната маска во јавниот превоз, такси возилата, аптеките и болниците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.