вио упатства (НОТАМ) со забрана за летови во следните три месеци во воздушните простори на Украина, Молдавија и Белорусија издаде Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Првично беше издадена НОТАМ само за воздушниот простор на Украина, но подоцна преку нови дополнителни авио упатства беа вклучени и воздушните простори на Молдавија и Белорусија.
Согласно упатствата, на сите цивилни авиони им е забранет влез во воздушниот простор (FIR) на Украина, Молдавија и Белорусија поради високата опасност на воената активност во поширокиот регион, а исто така треба да се избегнува и воздушниот простор на границата меѓу Украина и Русија.
Конкретните упатства се во сила до 24 мај 2022 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.