Грчката влада најави нови мерки поради високите цени на струјата.

Кабинетот на премиерот Киријакос Мицотакис ќе обезбеди финансиска помош до 600 евра за домаќинствата со годишен приход помал од 45.000 евра, со цел да ги поддржи средната и ниската класа, кои се силно погодени од високите цени на струјата. Повратот ќе се уплати директно на банкарските сметки на потрошувачите на електрична енергија.Мерките се очекува да покријат до 80 отсто од зголемувањата.

Со мерките ќе бидат опфатени и домаќинствата кои користат повеќе од 300 киловат часови месечно. Ќе бидат поддржани сите бизниси, со акцент на малите и средни бизниси. Целта е до крајот на годината да се подготви програма со која се предвидува продолжување на финансиската помош за шест месеци доколку продолжат високите цени на енергенсите и во 2023 година.

За справување со енергетската криза во Грција до крајот на годината се наменети 2,5 милијарди евра, најави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.