Грција испрати два авиона од типот Канадер во Франција за да помогнат во гаснењето на големите шумски пожари во југозападниот дел на земјата.

Од Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција соопштија дека земјата веднаш одговорила на барањето за помош на француските власти, испратено преку Европскиот механизам за цивилна заштита и „РескЕУ“ и по наредба на надлежниот министер Христос Стилианидис, Грција на механизмот му ги ставила на располагање двата Канадера.

Ова е првпат Франција да го активира „РескЕУ“ механизмот и да побара помош за справување со шумските пожари, а „Грција засега е првата и единствена земја која одговорила на барањето, поддржувајќи ја во пракса и со сите свои расположливи сили, европската солидарност“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.