Вкупното постојано население на Грција изнесува 10.432.481 жители, за 383.805 помалку жители, односно 3,5 отсто во споредба со 2011 година, согласно привремените резултати од пописот во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот на грчката служба за статистика Атанасиос Танопулос, денеска ги презентираше првичните резултати од пописот спроведен од октомври до декември 2021 година, а за првпат граѓаните се попишуваа онлајн.

Од 10.432.481 жители во Грција, 5.075.249 се мажи и 5.357.232 жени, а населението се намалило во 12 од 13 грчки периферии.

Периферијата Атика, поширокиот регион на Атина е најголема според бројот на населението, со 3.792.469 жители, но за 35.965 помалку во споредба со 2011 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.