Министерството за надворешни работи на Грција, преку соопштение, го осуди сквернавењето на православните гробишта во областа Куртулуш во Истанбул и ги повика турските власти да преземат соодветните мерки, јави дописничката на МИА од Атина.
Според турските и грчките медиуми, православни гробишта Свети Елефтериј ѝ служат на грчката православна заедница во областа Куртулуш од 1865 година и се од верско и културно значење за православната заедница.
Од грчкото МНР соопштија дека недвосмислено го осудуваат сквернавењето, за кое сметаат дека е удар врз „сеќавањето и историјата на грчкото малцинство во Турција“.
Дополнително во соопштението ги повикаа турските власти да го сторат она што е потребно „против овој грозоморен чин“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.