Со 24,4 милиони евра, грчката Влада и во месец април ќе продолжи со субвенциите на сметките за струја за домаќинствата и земјоделците, соопшти утрово министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас.
Субвенцијата, како за домаќинствата, така и за земјоделците е 15 евра за мегават час, а министерот истакна дека во април потрошувачите ќе имаат уште пониски сметки за струја во споредба со март, но и дека поддршката ќе продолжи сè додека трае енергетската криза.
Тука сме 20 последователни месеци и ефективно ги штитиме домаќинствата и земјоделците од последиците од енергетската криза, бидејќи енергетската криза продолжува, а ние ќе продолжиме да го правиме тоа онолку долго колку што е потребно, истакна Скрекас.
Паралелно објасни дека во изминатите 20 месеци, Владата издвоила над девет милијарди евра за поддршка на граѓаните, од кои 70 отсто се од оданочувањето на зголемениот профит на компаниите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.