Грчката полиција приведе синоќа на границата со Бугарија седум Романци кај кои биле пронајдени ножеви, а се верува дека се навивачи на романски фудбалски клуб.

„Седуммина странци се уапсени поради кршење на законите за поседување оружје и оние за професионален и аматерски спорт“, се наведува во соопштението на грчката полиција.

Полицијата наведе дека при претресот во возилата на романските навивачи на граничниот премин Промахонас биле откриени неколку парчиња ладно оружје, дрес и навивачки шал со лого на странски фудбалски клуб.

Според полициски извори, станува збор за романски државјани, навивачи на фудбалски клуб од нивната земја, кои планирале да присуствуваат на натпреварот од квалификациите во Лигата на шампиони меѓу грчки Олимпијакос и белгиски Гент, кој синоќа се одигра во Атина.

Грчките медиуми јавија дека навивачите на романскиот клуб се во „братски односи со навивачите на Генк“.

Грчката полиција ги засили мерките за безбедност по крвавиот судир меѓу навивачите на загрепски Динамо и атински АЕК во кој во понеделникот вечер во Атина беше убиен 29-годишниот Михалис Кацурис.

Поради вмешаност во инцидентите полицијата уапси 104 лица, од кои 94 се навивачи на хрватскиот клуб



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.