Грчката авиокомпанија „Егеан ерлајнс“ (Aegean Airlines) воведува интернет за време на летовите, услуга што ќе биде достапна во специјално опремените со новата технологија „Ербас“ авиони, како за домашните, така и за летовите во странство.
Од компанијата соопштија дека преку брзиот интернет патниците ќе имаат можност да сурфаат, да проверуваат мејл и сл, но и да гледаат серии, филмови, документарни емисии преку специјалната платформа, а првите десет минути ќе бидат бесплатни.
Услугата е достапна само во одредени авиони, меѓутоа постепено ќе се опремуваат се повеќе авиони на „Егеан ерлајнс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.