Државниот секретар во српското МВР, Данило Стевандиќ, изјави дека за само седум дена граѓаните предале 17.890 парчиња оружје и мини експлозивни направи, од кои 15.247 парчиња оружје, 2.643 мини експлозивни направи и 762.769 муниција.

Стевандиќ потсети дека веднаш по трагедиите во Основното училиште „Владислав Рибникар“ и Младеновац, Владата на Србија презеде итни мерки и им наложи на надлежните министерства да преземат одредени задачи, како што е двегодишен мораториум за издавање на сите дозволи, поседување и носење на оружје.

Министерството за внатрешни работи ќе изврши ревизија на сите издадени дозволи за поседување и носење огнено оружје, но ќе контролира и како сопствениците на оружје го чуваат оружјето во своите домови, односно дали го чуваат оружјето на безбеден начин и дали дозволиле пристап до одредени лица особено малолетници. Министерството за внатрешни работи ќе ги контролира и сите стрелишта од аспект на безбедносно и просторно-технички услови за работа на тие стрелишта, а особено овозможување на малолетниците да ги користат услугите на тие стрелишта, рече Стевандиќ и додаде:

Граѓаните на Србија покажаа голема одговорност и голема доверба во институциите на Србија, а пред се во работата на полицијата. Единствениот начин за борба против криминалот, особено сериозниот и организираниот криминал, е соработката со нашите партнери од Западен Балкан и Југоисточна Европа.

Да потсетиме, по две масовни убиства за само два дена, Владата на Србија донесе вонредни мерки, а министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ на 5 мај издаде наредба за предавање на нерегистрираното оружје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.