Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Бугарија беше оштетен пред неколку дена, а вчера беа приведени двајца вработени во општинското претпријатие „Озеленување“ на општина Благоевград.

Градоначалникот на Благоевград, Илко Стојанов кажа дека судот е надлежен за изрекување на казни.

Ако се докаже нивна вина, јас ќе го применам принципот на реципроцитет на казните. Тоа значи дека ќе ги казнам со иста казна каква што ќе добијат цариниците, граничната полиција и другите функционери на  Македонија кои предизвикаа ментално и физичко насилство врз Бугарите – кажа Стојанов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.