„Гоце Делчев е неуморен организатор и надалеку признат водач на Бугарите во Македонија и Одринско. Со својата невидена верба ги освои умовите и срцата на Бугарите. Неговиот живот беше краток, но неговото име стана симбол на потрагата по слобода“.
Ова го истакна претседателот на Бугарија, Румен Радев, во својот говор во градот Гоце Делчев за време на чествувањето по повод 120-годишнината од смртта на револуционерот.
Ако денес Република Македонија тврди дека ги следи заветите на Гоце Делчев, зошто таа е најде сила да ги вклучи во својот Устав неговите сонародници, за чија слобода го жртвуваше својот живот! Верувам дека порано или подоцна ќе се најдат далекувидни политичари кои заветите на Гоце Делчев ќе ги претворат во дела, рече Радев.
Домаќин на настанот беше градоначалникот на Гоце Делчев, Владимир Москов, а гости беа и министрите Иван Демерџиев и Иван Шишков, заменик министерот Николај Шушков, регионалниот гувернер Стојан Христов, градоначалниците на Петрич, Сандански, Банско, Симитли, Сатовча, Гармен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.