Пожарот кој од попладнево беснее над местата Затон и Орашац на хрватското приморје, во Дубровничко-неретванската жупанија, го гаснат најмалку 29 пожарникари со десет возила.

Покрај припадниците на ЈВП, пожарот го гаснат и дубровничките пожарникари и три ДВД-а и интервентната единица. Набрзо пристигнале и четири авиони „канадери“, кои повеќе часови истураат вода врз запалената шума. Пожарникарите известуваат дека ситуацијата на местото на пожарот постојано се менува, јавуваат локалните медиуми.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.