Најмалку едно лице загина, а над 60 се згрижени поради повреди во пожарите во Грција. Повредени се и пожарникари. Тело на жена беше пронајдено во опожарена фабрика во Атина во, како што се верува тоа е, првиот смртен случај од шумскиот пожар. Силните ветрови го отежнуваат големиот шумски пожар во Грција принудувајќи илјадници луѓе да ги напуштат своите домови.

Грција трет ден денеска се бори со огромниот шумски пожар во близина на Атина, каде се очекува пристигнување на стотици европски пожарникари кои треба да се приклучат во борбата да се локализира смртоносниот пожар што пеплоса делови од предградијата на главниот град. Меѓу земјите кои ѝ испраќаат помош на Грција се Франција, Италија, Чешка, Романија и Србија.

Повеќе од 700 пожарникари, 200 возила и 35 противпожарни летала се вклучени во гаснењето на пожарите во Грција. Првиот избувна во неделата попладне околу 35 километри северно од Атина. Вчера имало интервенции на 40 различни локации, а во некои области пламенот бил висок 25 метри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.