Силен пожар избувнал попладнево во населбата „Ндоц Мази“ во Скадар, во близина на пазарот за користена облека.

Пламените јазици зафатија и неколку станови и изгореа 25 стопански единици.

Исто така, една жена е извадена на носилки поради задушување, објави Политико.ал.

На местото на настанот пристигнале бројни полициски и противпожарни единици кои интензивно работат на гаснење на пожарот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.