Жена осомничена дека го убила сопругот во семејната куќа е уапсена во Добој, Република Српска.

Како што неофицијално дознава порталот Nezavisne.com, Ханифа Мујезиновиќ (59) наводно со кујнски нож го исекла својот сопруг Хасан (55) во надлактицата, погодувајќи го во крвните садови, по што тој искрварил до смрт. На убиството му претходела расправија во семејниот дом.

Откако починал, таа ја исчистила куќата, го пресоблекла сопругот и поставила нови теписи. Потоа повикала полиција и им рекла дека се скарала со сопругот и дека тој сам си ги нанел повредите од кои починал.

Но, полицијата ги пронашла крвавите теписи.

Полициската управа Добој извести дека во понеделникот била уапсена жена поради сомнение дека сторила кривично дело убиство.

Постои сомнение дека дотичната истиот ден во семејниот дом му го одзела животот на сопругот на Х.М., по што го сменила местото на злосторот и потоа побарала интервенција на полициски службеници, наведуваат од полицијата.

Оттаму додаваат дека таа вчера била предадена во надлежност на Окружното јавно обвинителство Добој заедно со пријава за стореното кривично дело.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.