Девојчето (11) кое е убиено во Грција, починало од рацете на нејзиниот чичко. Малата Василики, влегла во неговиот автомобил и набрзо била пронајдена мртва.

Чичкото (37) на распит го признал ова грозоморно злосторство, но не го навел мотивот за убиството.

„Ја однесов во шумата и ја убив“, рекол тој, пренесуваат грчките медиуми.

Тој во утро по исчезнувањето на девојчето отишол да ги утеши родителите на убиеното девојче, додека тие се уште верувале дека Василики е киднапирана. Во исто време на социјалните мрежи сподели “amber alert” информација за нејзиното исчезнување.

Откако родителите на Василики го пријавиле нејзиното исчезнување, полицијата ги прегледала безбедносните камери, кои го снимиле девојчето како влегува во автомобил. Набрзо било утврдено дека се работи за возилото на нејзиниот чичко.

Осомничениот за убиството на Василика беше уапсен во 2017 година за силување на 14-годишно дете.

Во 2020 година, тој беше осуден на Закинтос, но беше ослободен на условна слобода во очекување на пресудата на апелациониот суд. Бил должен редовно да се јавува во полициска станица. Засега, според написите во медиумите, не е познато дали ја испочитувал судската наредба.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.