Обединетите Нации го усвоија официјалното барање на Анкара, со што за нив, Турција отсега ќе биде Туркије (Türkiye).
Од неколку меѓународни организации ќе се бара да го променат името на земјата, согласно со иницијативата што минатата година ја покрена турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
– Името Туркије ги претставува и изразува културата, цивилизацијата и вредностите на турската нација на најдобар начин, истакна Ердоган минатата година.
Мнозинството граѓани веќе ја нарекуваат својата земја Туркије. Но, често се користи и англиската верзија на името, Турки (Turkey), вклучително и во самата земја.
Државната телевизија ТРТ во декември ја наведе недобрата конотација на името на англиски јазик, наведувајќи дека се однесува, или на „голема птица што потекнува од Северна Америка“ или на тоа „кога нешто ќе тргне на лошо“. Турки на англиски јазик значи мисирка
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.