Се ближи судењето на родителите на Коста Кецмановиќ, кој на 3 мај уби девет деца и училишниот чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, Србија. Истиот ден бил уапсен неговиот татко, а потоа од притвор се обидел да го пренесе својот имот на друг, ја негирал вината, што во гостување на телевизија К1 го потврди мајката на Андрија Чикиќ, едно од убиените момчиња.

Она што нè допира сите нас родители е кој е одговорен за 10-те изгубени животи? Сите нè допира она што имавме можност да го видиме, а тоа е неизмерното, неописливо студенило на целото семејство. Таткото вели: „За што ме обвинувате? Не се чувствувам одговорен“. А, тој е оној што го однел детето на стрелиште, оружјето е негово. Тој дал дозвола детето да тренира со огнено оружје, вели мајката.

Таа откри дека била една од мајките кои го испрашуваа момчето на рочиштето против неговиот татко.

Имав можност да слушнам, а подоцна и да ја гледам снимката. Меѓу другото, го прашав дали знае дека го убил мојот син? Тој рече дека знае…без никаква емоција. Гласот му беше ист четири часа. Подоцна го видов видеото. Мајка му седеше до него и не реагираше на моето прашање, само седеше. Тоа сите нас нѐ „изместува“ од умот. Би сакала да се задоволбарем некаква правда, и за нас, за нашите деца, и за доброто на целото општество. Мислам дека ние како општество сè уште не сме целосно свесни што се случило…“, изјави мајката на убиениот Андрија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.