Тринаесетгодишникот кој го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград речиси секојдневно на „Гугл“ пребарувал за најмасовните убиства ширум светот и нивните извршители. Бил воодушевен и од Ел Чапо.
Останавме шокирани кога дознавме што пребарувал секојдневно. Најмасовните убијци ширум светот. Како убивале, што користеле, кои им биле жртви…Често го пребарувал и Ел Чапо и барал нови информации за него, открива за српските медиуми извор близок до истрагата.
Момчето гледало филмови и серии кои ги прикажуваат страдањата на семејствата на убиените.
Она што веќе беше откриено во јавноста е дека го читал и Кривичниот законик на Србија. Така дознал дека со ненавршени 14 години не може кривично да одговара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.