Црногорскиот претседател и лидер на Демократската партија на социјалистите (ДПС), кој не учествуваше, но го поддржа синоќешниот протест во Подгорица, на Твитер објави фотографија од тој митинг и порача дека Црна Гора ќе ја има.

 

 

Нѐ има, и тоа како нѐ. Ја има и Црна Гора. Слободна, граѓанска, мултиетничка, независна. И ќе ја има Црна Гора. Европска. И ќе нè има. Секогаш кога е потребно“, напиша Ѓукановиќ на Твитер.

 

 

Протестот во Подгорица се одржа под слоганот „Нè има““, а формални организатори беа Форум Луча, додека претставници на ДПС, СДП, СД и ЛП ги повикаа граѓаните да излезат на протестот.

Од протестот беа испратени барања за повлекување на Законот за Претседател донесен во Собранието минатата недела, да се постигне договор за избор на судии на Уставниот суд и да се распишат вонредни парламентарни избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.