Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ ги почнува консултациите за избор на мандатар за состав на новата влада, а на разговор прво се поканети претставници на коалицијата Демократски фронт и Мирот е наша нација.
Како што пишува весникот „Вијести“, потоа се планирани разговори со претставници на малцинските партии.
По консултациите, претседателот на државата треба да го предложи за мандатар за состав на новата влада оној кој ќе обезбеди поддршка од најмалку 41 пратеник во Собранието.
Кабинетот на Ѓукановиќ официјално не соопшти дека тој ќе почне разговори со претставници на парламентарните партии откако Кабинетот на премиерот Здравко Кривокапиќ не доби доверба во Собранието.
Партиите не потврдуваат дека добиле покана за консултации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.