Тргна да пука наизменично, во рацете држеше два шаржери, легнав преку моите двајца другари кои ги уби за да помисли дека сум мртва, сведочи ученичка во училиштето „Владислав Рибникар“ на Врачар, Белград, каде што утринава 14-годишен ученик кој го посетувал седмото одделение пукаше и уби најмалку шест лица.
Вооружениот ученик почнал да пука на часот по историја.
Прво почна да пука во наставничката по историја, а потоа продолжи да пука во училницата. Излезе од училницата, се слушаа пукотници, сведочи ученичката.
Ученикот по пукањето се обидел да побегне, но полицијата брзо го привела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.