Во населбата Здена кај Сански Мост ноќта меѓу петокот и саботата се случил филмски грабеж.

Како што дознава „Дневни аваз“, во тој грабеж биле украдени 1,7 милиони КМ, што е околу 850.000 евра. Граѓанин на Сански Мост, кој долги години живее во Соединетите Американски Држави, бил ограбен, а тој дошол во својот град на одмор.

Според неофицијални информации, ограбениот сакал да купи хотел, па за таа цел чувал пари. Но, тој ги оставил парите во куќата и отишол на море, а кога се вратил останал шокиран, бидејќи немало пари. На станот се видливи траги од кражба, а сега се проверува и видео надзорот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.