На Србија утринава во Брисел, на состанокот кој Европската унија го свика со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Албин Курти, понудено и е решение кое е понижувачко за неа, вели за српски Курир, извор упатен во преговорите.
Решението кое е понудено би требало да ја дерогира Бриселската спогодба, што Србија не можела до го прифати.
Судејќи по се, не очекуваат тешки и неизвесни денови, посебно на северот на Косово- вели изворот.
Како што се дознава, претседателот на Србија, Вучиќ, најверојатно вечерва ќе се обрати на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.