Третиот мандат за формирање нова бугарска Влада ќе биде врачен по Нова година, за да има избори во Бугарија во месец март, најави бугарскиот претседател Румен Радев на консултациите со „Демократска Бугарија “, јавува дописникот на МИА од Софија.

Радев изрази надеж дека нема да дојде до ваква ситуација, коментирајќи дека има повици од различни кругови во Бугарија веднаш да се доделат мандатите за веднаш да се формира нова бугарска Влада.

Самиот кажа дека по изборите на 2 октомври се водел од две главни цели. Првата е да се направи се што е можно за да се формира редовна бугарска Влада и да се остави време за дијалог, како и да се даде време на партиите да се тргнат од агресивната предизборна реторика и да донесат важни закони. Втората важна цел, додаде, е консултациите и предавањето на мандатите да се организираат на тој начин што доколку не се формира нова бугарска Влада, предвремените избори во Бугарија да не се во најтешкиот период – јануари и февруари. И тоа бара одредено одложување.

Радев изрази надеж дека нема да се стигне до доделување трет мандат, туку дека во првиот или вториот мандат ќе се формира редовна влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.