Во новиот циклус на имиграција Германија и Франција станаа двете најпосакувани земји на Албанците кои бегаат во Европа, заземајќи го местото на Италија и Грција кои по 90-тите беа двете земји кои примија најголем проток на имигранти.
-Евростат ги објави податоците за населението со албанско државјанство кое живее во земјите на Европската унија за 2021 година. Бидејќи недостасуваат податоците за Грција, не може да се каже вкупниот број албански државјани кои живеат во целата Европска унија. Од достапните податоци, Италија е главна земја со 433 илјади Албанци. Според претходните процени, бројот на оние кои живеат во Грција е на исто ниво како во Италија, или дури и поголемо, јавија албанските медиуми.
Од податоците на Евростат се констатира дека во последните 5-6 години Германија и Франција бележат најбрз раст на албанското население, додека во Италија трендот е во опаѓање.
Во 2021 година, во Германија се регистрирани 77 илјади албански граѓани, или речиси три пати повеќе од 2015 година, пред повторно да започне новиот циклус на имиграција. Во Франција се 33 илјади лица, речиси трипати повеќе во споредба со 2015 година. Во овие две земји заедно веќе живеат најмалку 110.000 регистрирани албански државјани,
Германија е трета земја со најголем број албански државјани, по Италија и Грција, додека Франција е четврта. Зад нив е Белгија со околу 7 илјади, Шведска со околу 6 илјади, Швајцарија со речиси 3 илјади. Недостасуваат податоците за Шпанија и за Велика Британија.
За сите земји во кои се соопштуваат податоците, албанското население кое живеело во нив на крајот на 2021 година било 570 илјади, но како што се наведува, нема податоци за Грција, која е важна земја по бројот на Албанците кои живеат во оваа земја.
Други податоци на Евростат, во однос на дозволите за престој, од 2008 година, кога Евростат ги објавува податоците, до 2021 година, земјите од ЕУ им одобриле престој на вкупно 756 илјади албански граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.