Германската амбасада во Приштина соопшти дека е време Владата на Косово да ги убеди земјите членки на Советот на Европа дека заслужува прием во таа меѓународна организација, преземајќи конкретни чекори за создавање Заедница на српски општини.
Германската амбасада соопшти дека Квинта и другите континуирано нагласуваат дека очекуваат Косово да преземе опипливи чекори за формирање на ЗСО, за да се постигне неопходното двотретинско мнозинство во Комитетот на министри на СЕ, пренесе Бета.
„Таков чекор, според нас, би бил поднесување предлог за статутот на ЗСО до Уставниот суд. Како што наведе амбасадорот во својот твит по гласањето во Парламентарното собрание на Советот на Европа: Косово мора да направи голема работа. Тоа се уште не се случило. Сега останува на премиерот Албин Курти и неговата влада да ги убедат неопходните земји-членки со други средства, односно со преземање други конкретни чекори кон создавање на Заедница на општини со српско мнозинство, која Косово се обврза да ја формира и што е меѓународна обврска“, соопштуваат од германската амбасада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.