ГЕРБ-СДС му го врати мандатот на претседателот на Бугарија, Румен Радев

Претседателката на пратеничката група на ГЕРБ-СДС, Десислава Атанасова, прочита писмен став дека нема да го остварат правото на истражувачки мандат за формирање влада во 47. Народно собрание и нема да предложат премиер.

Радев најави дека утре ќе ги свика сите бугарски парламентарни партии на консултации за да види како тие го гледаат решението на политичката криза во Бугарија и потоа ќе го врачи третиот и последен мандат пред да закаже, доколку дојде до, предвремени парламентарни избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.