Во Северна Митровица на северот на Косово две лица се повредени во експлозија на рачна граната. Полицијата интензивно трага по непознатото лице кое ја фрли бомбата нешто пред полноќ во улицата Кнез Милош, во непосредна близина на мотелот Бишевац. Од силината на експлозијата оштетени се и неколку автомобили.

Причината за нападот се уште се истражува, потврди за Косово онлајн заменик командантот на полицискиот командант за северниот регион, Ветон Ељшани.

Докторот во КБЦ Косовска Митровица Бојан Вучиниќ изјави дека околу полноќ бил примен маж со повеќе повреди предизвикани од експлозивна направа, а Косово онлајн јавува дека пред болницата има припадници на косовската полиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.