Полиција трага по лицето кое во понеделникот два часа по полноќ фрли бомба врз автомобилите „рено твинго“ и „мерцедес“ сопственост на М.М. (39) од Белград. Како што пренесуваат српските медиуми, таа е вработена како воспитувачка, а пред полицијата одговорила дека немало никакви закани или причина зошто некој би сакал да ѝ наштети.

Истрагата ја води Вишото јавно обвинителство во Белград.

Според информациите на „Телеграф“, полицијата на местото на нападот пронашла делови од рачна бомба, кои биле испратени на вештачење.

Бомбата целосно го уништи „реното“, а делумно и „мерцедесот“.

Напукнати се прозорците на становите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.